Заев песимист, преговорите нема да започнат во јуни, спopoт со Бугарија не може да се реши поради техничката влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев денеска за прв пат изјави дека не може да се дојде до решение за проблемите со Бугарија со тамошната техничка предизборна влада за почеток на преговори со ЕУ во јуни. Тој сепак не ја отфрла можноста преговорите да бидат отворени во август или септември.

Заев истакна дека земјава не го оспорува идентитетот или корените на било кој народ, па затоа бара реципроцитет или како што нагласи – ние сакаме Европа да биде Европа, ниту помалку ниту повеќе.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, пак, не се откажува од својата позиција која е поткрепена со изготвување на патокази и давање на гаранции. Радев, меѓу другото, истакна дека двете земји треба да се разгледа идејата да се финансираат хотели кои би овозможиле дружење на младите од двете земји со цел да се намали, како што вели тој, омразата помеѓу нив. Оваа идеја Радев за прв пат му ја предложи на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, за време на нивната заедничка посета во Рим.

„Постои список на официјални барања на кои треба да се одговори, но најголемата цел е младите од двете страни, кога ќе паднат границите, да не се мразат едни со други. Јас ја задолжив техничката влада да разгледа дали е можно да се соберат млади луѓе од двете земји. Наместо да плаќаме за едноставни мерки за одржување на туризмот во живот, нека им даде пари државата на оние хотели кои ќе ја преземат поддршката за децата, студенти од Бугарија и Македонија. Ова му го предложив на Пендаровски во Рим.“

Португалија која уште месецов претседава со Унијата, достави до Скопје и Софија предлог за деблокирање на пристапните преговори меѓу земјава и ЕУ, но само нашата влада наведе дека е добра основа за решение. Бугарија немаше таков став. За време на денешниот престој во Софија, португалскиот претседател Марсело Де Соуза ја повтори својата подготвеност да го олесни дијалогот.

„Што се однесува до Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, знаеме дека процесот е тежок и за земјите членки на ЕУ и за оние кои се надвор од Унијата, но сакаат да влезат во неа. Она што е најважно е климата, да се отвори патот низ кој може да се надминат разликите, бидејќи може да има различни мислења за овие разлики, но позицијата на португалското претседателство е дијалог, разбирање. Ние сакаме да помогнеме не со јавни изјави, туку со конкретна поддршка за дијалог, да помогнеме во надминување на разликите за да имаме резултати“, изјави Де Соуза

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This