ЗАЕВ ПОВЕЌЕ НЕМА ИЗЛЕЗ ОД СИТУАЦИЈАТА: Каракамишева му порача на Заев да не си игра со трпението на народот – излез повеќе нема!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Заев “ако референдумот не поминел институциите ќе одлучувале за уставните измени”?! Не Заев, не така!, напиша универзитетската професорка по Уставно право и политички систем, Тања Каракамишева.

Нејзината Фејсбук објава ја пренесуваме во целост:

Нели цело време се колнеш во владеењето на правото, во демократијата и во волјата на граѓаните?
Нели ги повикуваш да успее референдумот?
Ако си решил да одиш на „дур“ и по секоја цена да го реализираш договореното тогаш зошто ги убедуваш граѓаните да излегуваат на референдум?
Зошто малтретираш народ ако си спремен да го истераш договорот до крај без разлика какво е мислењето на народот?

Ако навистина се грижиш за владеењето на правото тогаш треба да знаеш, а и кажано ти е, дека во Македонија суверенитетот е во рацете на граѓаните! Тие одлучуваат за најважните прашања за државата, не ти!

Ако граѓаните не ти го прифатат Договорот, ако немаш нивен амин да менуваш државно име, етнички идентитет, македонски јазик, историја, култура, традиција и се друго, тогаш институциите на кои се надеваш НЕМА ДА СМЕАТ ДА ПРАВАТ НИКАКВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

Многу е едноставно Заев! Каде пишува во Уставот дека Собранието или Владата има надлежност да менува име на држава? Во кој член од Уставот пишува дека Собранието или Владата имаат право да менуваат идентитет на Македонците, да менуваат јазик, култура, историја и се натаму?

По кој член од Уставот ќе отвориш постапка за уставни измени кога за ниту едно од овие прашања институциите на кои се повикуваш НЕМААТ НАДЛЕЖНОСТ ДА ПОСТАПУВААТ, А НАЈМАЛКУ ДА ОДЛУЧУВААТ?

Нам ни е јасно дека имаш повеќе егзит стратегии во ракавот и дека ако треба и насилно ќе го спроведеш Договорот, но во таков случај не го сквернави владеењето на правото и не играј мајтап со НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This