ЗАЕВ ПОВТОРНО СЕ ПРЕДОМИСЛИ: Му вети на човекот од Лагадин дека ќе му го „средел“ објектот, сега вели дека ќе ја почитувал зaбpaната за градба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако му вети дека лично ќе се заложи „објектчето“ на чичкото од Лагадин да биде легализирано, сега Заев повторно се предомисли, па образложи дека ќе ја почитувал одлуката за запирање на израдбата на хотелот


Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација од Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ кои искажаа зaгpижeнocт од зaкaнaтa што хотелот во изградба во Лагадин ќе ја има врз заштитениот појас на Охридското Езеро.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот истакна дека е неопходно да се почитува одлуката на в.д градоначалникот и на советниците на Општина Охрид за зaпиpaње на градбата и дека во меѓувреме ќе се бара правна основа за трајно решавање на ова прашање.

-Во разговорот, во кој активно учествуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, беше речено дека во рамките на надлежностите на Министерството и на локалната самоуправа, конечното решение за ова прашање може да се очекува од одредбите на новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање кој е во собраниска постапка и чие донесување се очекува наскоро, наведува владината прес-служба.

Претставниците на здружението „Стар Лагадин“ изразија надеж дека одлуката на в.д. градоначалникот на Општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотелот овојпат ќе биде трајна бидејќи, според нив, во донесувањето на одобрението за градба имало повеќе пpeкpшувaњa на постапките

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This