Заев пред избори велеше дека ќе крати администрација, по избори нови вработувања во министерство за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натрупана јавна администрација, нефункционален систем. Премиерот Зоран Заев уште во март месец најавуваше дека ако СДСМ победи на изборите, ќе се намали бројот на вработени во администрацијата за 20 отсто. Со оглед на тоа што „државно“ работат околу 140 илјади луѓе, тоа би значело дека без работа треба да останат околу 30 илјади луѓе.

Иако откако СДСМ дојде на власт, се зголеми бројот на вработени во јавниот сектор. Според податоците на министерството за информатичко општество и администрација, на крајот од 2016-тата година во јавниот сектор работеле скоро 130 илјади луѓе, додека на крајот од 2018-тата имало скоро 140 илјади вработени.

„Едниот дел е што ќе им се заблагодариме на оние што имаат приватни фирми. Ќе им се заблогодариме, ќе им речеме, дечки, имате приватна фирма, работите успешно во таа фирма, менаџери сте, ве молам ослободете го тоа работно место. Сите оние кои ќе склучат договор за работа во приватниот сектор, и тоа договор за трајно вработување таму, ќе добијат шест отпремнини. Шест бруто плати, за да ги стимулираме. Кога гледаат дека 25 илјади денари е платата, наспроти 17 илјади денари, нека одат да ја земаат, плус шест отпремнини. За да можеме да го намалиме бројот на администрацијата“, изјави Зоран Заев на една од негови прес конференции во март месец.

По помпезното најавување дека време е администрацијата да стане поефикасна, и да се намали бројот на вработени, сепак огласите за вработување по министерства продолжија и во време на економска и здравствена криза.

Вчера по медиуми излезе оглас за вработување на 36 лица во министерство за финансии. Вкупно 36 нови административци ќе се вработат во министерството за финансии. Огласот е веќе објавен, а се бараат работници на повеќе позиции. Дел од работните места се за во градовите од внатрешноста па се бараат референти за Кочани, Делчево, Кратово, Крушево и други градови. Се бараат референти за канцелариско работење со плата од околу 17.000 денари, но и извршители за повисоки позиции со плати над 23 илјади денари.

Во моментов на списокот на министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се уште се наоѓаат околу 1.300 вработени за кои статусот треба да се реши.

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби најави дека во соработка со Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, за кратко време ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции.

„Треба да се најде место во државните институции за 1.300 лица кои се сега вработени во Министерството за политички систем кое го водам. Тоа ќе ни биде приоритет. Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледат и да ја градат во нашата земја“, изјави деновиве Груби.

Но според професорот Темелко Ристески администрацијата треба да се намали и да стане поефикасна.

– Да прошетате по министерствата ќе видите дека е пренатрупано. Има луѓе кои што доаѓаат на работа, меѓутоа и без нив се може. Има места каде што има потреба од луѓе. Не е во сите министерства состојбата подеднаква. Во тој случај ќе бидат искористени тие луѓе, под услов да си ја знаат работата, да бидат стручни за да може ефикасно да ги завршуваат работите на работните места каде што ќе бидат распоредени“.

Очигледно по вчерашниот оглас за вработување во министерство за финансии, Заев само предизборно ветуваше за средување на јавната администрација. По вчерашниот оглас сите ветувања за администрацијата паднаа во вода. Во ек на економска и здравствена криза единствено продолжи да се задоволуваат партиските апетити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This