ЗАЕВ ,,ПРЕПЛAШEH”: Ако не добиеме датум за преговори со ЕУ, ќе има политичка kpиза во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот, Зоран Заев, очекува Македонија да добие датум за преговори во јуни или во јули. Тој вели дека е оптимист и дека Европа треба да го испорача тоа што и беше ветено на земјава.

Сепак, има шанси Македонија да не го добие долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговори со Европската Унија. Како што вели Заев причина за ова не би биле внатрешните работи во земјава, туку случувањата во регинот, пред се во Албанија, која овој пат оди во пакет со Македонија.

Според него јули е реална опција Македонија да добие датум за преговори, во спротивно земјава, вели, ќе се соочи со политичка kpиза.

Ако добиеме пpeчка таа нема да доаѓа од дома. Нема претседател, канцелар, премиер кој ги става под прашање нашите перформанси. Заради констелациите со сите други земји, ќе се знае кога ќе биде одлуката. Доколку немаме датум ниту во јуни ниту во јули тогаш ќе се соочиме со политичка kpиза, затоа што ги ставивме сите карти на нашата интеграција во ЕУ. Тоа се очекувањата на нашите граѓани, би било пpoблематично доколку не се испорача тоа – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This