Заев продаде сѐ: На Македонија и македонскиот народ им се спрема нова kaпитyлација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Македонија и македонскиот народ им се спрема нова капитулација за бришење на македонскиот идентитет и јазикот. Тоа може да се заклучи од најновата изјава на премиерот Зоран Заев кој рече дека се блиску до договор со Бугарија, но и од неговиот владин коалиционен партнер Али Ахмети кој потврди дека е испратен предлог до бугарската страна.

– Бугарија е голем пријател и верувам дека ќе остане на таа линија. Република Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение на вака отворени прашања кои што постојат. Ние не сме многу далеку од договорот ние само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирано иднината пред нас, изјави вчера премиерот Заев, за медиумите.

Кога веќе знаеме дека Бугарија ни даде вето затоа што очекува од нас отстапки, тогаш јасно е какви напори прави владата предводена од СДСМ и ДУИ, односно дека ги прифаќа бугарските барања, само за да нема следно вето во декември и да отпочнат преговорите со ЕУ.

Дека владата по се изгледа ги прифатила бугарските услови потврда во истиот ден даде и лидерот на ДУИ, Ахмети според кого веќе е испратен предлог документ до Бугарија за надминување на проблемот.

– Не мислам дека е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети, ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија, рече Ахмети за ТВ 21.

Влдата предводена од Заев очигледно прифатила дека македонската историја пред 1944 година и припаѓа на Бугарија, заедно со народот и македонскиот јазик. Тоа значи дека Гоце Делчев заедно со илинденскиот период повеќе нема да бидат македонски, туку ќе бидат и бугарски, што класичен историски фалсификат базиран на желби, наместо базиран на факти и аргументи. Но, најстрашно од се е што ќе се прифати дека македонскиот народ и јазикот пред 1944 година биле бугарски, поточно дека сегашните Македонци и сегашниот јазик се вештачки создадени за време на АСНОМ на 2 август 1944 година.

И тоа треба да биде наводната победа на Заев која кампањски ќе ја сервира во македонската јавност, дека Бугарија признава македонски народ и македонски јазик, иако во реалноста тоа ќе биде дека признава вештачки создадени кои постојат од 1944 година.

Неверојатно е како со леснотија, без изградена државна стратегија владата предводена од Заев истрча веднаш да прифати се што се побара, само и само да избегне ново вето.

Аматерска дипломатија, како што често коментира стручната јавност, е без национална свест која не е забележана на друго место во остатокот од светот.

Нормална власт после последниот удар од Бугарија ќе седнеше заедно со останатите политички чинители и научни институции да создаде државна стратегија и јасни црвени линии, ќе спроведеше голема дипломатска кампања со која ќе изнајдеше решение и ќе лобираше да се избегнат отстапките и откажувањата од идентитетот и јазикот.

Но власта на Заев не е таква, не само што нема дипломатија туку и нема план, стратегија, нема црвени линии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This