ЗАЕВ: Расте просечната плата, до година 500 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека просечната плата од месец во месец продолжува да расте и оти економската година ги дава резултатите.

-Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари, напиша Заев во објавата на Фејсбук.

Изборно ветување беше дека штом СДСМ дојде на власт просечната плата ќе скокне на 30.000 денари односно популарните 500 евра. Според последните статистички податоци просечната плата е далеку од Заевите 500 евра, но ново ветување го дига барем моралот кај Македонците, ако не и платата.

Последниот износ за мај е 25.270 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This