ЗАЕВ САКА ДА БИДЕ ПРОФЕСОР КАКО МИЦКОСКИ: Во интервју за МИА, Заев изрази желба да држи лекции како Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во неговото последно интервју за Македонската Информативна Агенција истакна дека неговите познавања за економијата се огромни и дека за нив може да држи предавања.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

Тој истакна дека главен фактор во економските прашања не е министерот за финансии, Драган Тевдовски, туку тој заедно со министерот за надворешни Никола Димитров и Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Во одговор на речиси секојдневните напади од лидерот на опозицијата, професор доктор Христијан Мицкоски дека во Владата има „многу политика, малку економија“, дека земјата е изложена на „економско цунами“ на „депресија и на нови задолжувања“, премиерот Зоран Заев во неделното интервју за МИА вели дека за некои работи се согласува со Мицковски, особено во делот на реформите. Вели дека со него се договориле и мисли дека може да најдат заеднички прифатливи решенија за прашањата од национален интерес.

– Без разлика кој како ќе го сфати ова, меѓутоа за овие прашања можам да им држам лекции на Мицковски и на опозицијата до сабајле, па и повеќе. Најголем дел од времето го посветувам на економските прашања, меѓу другото и затоа што сум економист. Јас имам добар министер за надворешни работи, добар министер за евроинтеграции кои ги тераат тие процеси, за кои не треба да се заборави дека имаат големи врски и со економијата, и со нив заедно ги конципиравме и комплетиравме нашите стратешки позиции кога се во прашање меѓународната политика и евроинтеграциите. Затоа мене ми останува голем дел од времето да го посветам на најважното прашање од интерес на граѓаните, економијата – вели Заев во интервјуто за МИА.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This