ЗАЕВ СЕ ПИШМАНИ: Децата на функционери треба да имаат еднаква можност, не смее да се третираат како да се од „втор ред“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕУ треба да расчисти дека земјава нема интенција да стане членка во јуни или во јули, туку дека сака да ги почне преговорите. Тоа ќе биде дополнителна мотивација и стимул да работиме уште повеќе, похрабро, подобро и поуспешно, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ.


Во врска со забелешките дека администрацијата е преобемна, премиерот рече дека од човечки аспект, никој не е подготвен, ниту сака да ги отпушти луѓето без претходно да им обезбеди иднина. Во однос, пак, на вработувањето деца на функционери не смее да има забелешки ако постапката е регуларна. И ним треба да им се овозможи еднаква можност некаде да конкрурираат и да се вработат, но процесот и целата постапка мора да бидат транспарентни, јавноста да знае дека ги исполнуваат потребните критериуми и се соодветното работно место. Не смее, дополни, тие да бидат третирани како да се од „втор ред“.

Заев, заедно со министрите за труд и социјална политика, за здравство и за информатичко општество и администрација, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, зборуваше за владините политики во овие сфери. Изрази задоволство од сработеното досега, најавувајќи уште поинтензивни реформи.

-На вистинскиот пат сме. Немаме надворешни пpoблеми и кочници, голем дел од работите зависат од нас, посебно од институциите во и надвор од извршната власт. Овој период е драгоцен и не треба да го испуштиме. Во вакви околности, на резултатите што ги постигнавме, треба да сме дополнително мотивирани да поитаме кон реализирање на целта – модерно општество со одговорно cyдство и администрација, добри плати и висок стандард, потенцира Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This