ЗАЕВ СЕ ПЛAШИ ОД ПOPAЗ- СПОРЕД ТАЧИ: Заев коалицираа со БЕСА бидејќи СДСМ полoшo котира кај Македонците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вели дека и тој се залага за етнички мешана коалиција, ама не по теркот на коалицијата СДСМ-Беса.

Тачи во гостување за косовска Т7 изнел мислење дека оваа коалиција е поради тоа што СДСМ котира послабо кај етничките Македонци, пренесува „360 степени“.

Тачи уште рекол дека Албанците во Македонија, се наклонети кон СДСМ затоа што не гледаат друг начин да ја дефакторизираат ДУИ.

Инаку, според порталот, планирана е средба на високо ниво меѓу претставници на СДСМ и на ДПА на Тачи, но тема на разговорите, според извори од „Бихаќска“, нема да биде можноста за коалиција меѓу двете партии.

Т Тачи за Т7 исто така вели дека е тепшко да постигне договор за коалиција со СДСМ.

Беса, најверојатно, останува единствен партнер на СДСМ од албанскиот политички блок, додека ДПА или ќе оди сама на изборите или ќе коалицира со НДП на Вејсел Мемеди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This