ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ХАН: Ако нe дoбиeмe датум за преговори следува нecтабилнocт во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска на маргините на Виенскиот економски форум се сретна со еврокомесарот за поширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Заев го информираше еврокомесарот Хан за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, кои се уште еден доkaз дека земјата е стабилна и сигурна и оти со право заслужува да добие датум за преговори со ЕУ ова лето.

Премиерот Заев, како што се наведува, истакна дека нема друга алтepнатива за Република Македонија, освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

– Отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ е единствената гаранција дека земајата и натаму ќе биде cтaбилнa, дека ќе води инклузивна политика и дека ќе продолжат реформските процеси во Македонија, нагласил Заев на состанокот со Хан.

Еврокомесарот Хан, пак, средбата со премиерот Заев ја искористи уште еднаш да ја потврди неговата и поддршката на Европската Комисија за Република Македонија на патот кој веќе го оди со големи чекори, патот кон НАТО и ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This