ЗАЕВ СЕ „KPCTИ“ ВО НЕКАКВА СИ РЕЗОЛУЦИЈА: Ќе ја вратела мотивацијата кај народот за европскиот пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев смета дека најавата за вонредна резолуција на Европскиот парламент со која повторно ќе се побара отворање на пристапните преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ ќе биде од помош и ја врати мотивацијата кај народот.

– Намерата на ЕП е од помош, нешто што е мал лек за горчината во нашите души која не затекна со оваа нефер историска грешка што ја направи Европската Унија кон Република Северна Македонија. Верувам дека ваквите постапки уште еднаш ќе ја вратат мотивацијата на нашиот народ да продолжи по патот на евроатланските интеграции бидејќи оваа наша определба е со причина – тоа носи инвестиции, раст и развој, повисок стандард и доволна мотивација младите да останат тука и да работат – изјави Заев по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер”.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев посочи дека само ако како држава продолжиме да работиме посветено, може да бидеме дополнителна мотивација за дискусиите во Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија и пооделно во земјите членки на Унијата.

– Реално очекувам дека многу брзо ќе се врати среќата и надежта – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This