ЗАЕВ СО НОВ ПРИЈАТЕЛ: Хараднија ќе е сигурно гнeвeн, премиерот се сретна со Албин Курти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република С Македонија Зоран Заев денеска го прими во посета претседателот на партијата „Самоопределување“ од Република Косово, Албин Курти.

На средбата на која присуствуваа и пратениците Мухамед Зекири од Собранието на Република С Македонија и новоизбраните пратеници од Самоопределување во косовскиот парламент Фиторе Пацоли и Либурн Алиу, беа потврдени исклучително добрите односи меѓу двете земји и се разговараше за идната соработка која има силни потенцијали да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на С Македонија и Косово.

Во текот на разговорот на средбата како приоритети се издвоија проектите за инфраструктурно поврзување, меѓу кои, освен автопатот Скопје-Блаце, се издвоија како особено добредојдени патните поврзувања меѓу Тетово и Призрен, како и дооформувањето на капацитетите на граничниот премин Јажинце кои во голема мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните и на бизнис иницијативите меѓу градовите од западниот дел на Северна Македонија и југозападниот регион на Косово.

На средбата меѓу премиерот Заев и лидерот на партијата „Самоопределување“ од Косово, Курти, беше нагласено дека одржувањето на добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји, е од исклучително значење и за Западен Балкан и за секоја земја во регионот одделно од аспект на заедничките аспирации за членство во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This