Заев твpди: „Пapитe ги вpaтивмe кaj гpaѓaнитe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го реализиравме концептот „парите назад кај граѓаните“ ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари.Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари, истакна во своето обраќање на 26-от конгрес на партијата, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Заев:

На 1 јуни 2017 со конституирањето на новата коалициска Влада предводена од СДСМ започна ново, светло поглавје во македонската историја, во првите 100 дена од мандатот ги поставивме контурите на политиките на оваа Влада на граѓаните за која зборо е збор, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

Заев посочи дека концептот „Парите назад кај граѓаните“ е првиот успех на СДСМ, но и првата суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партија која 11 години парите на граѓаните се трошеа на барок и споменици и завршувале кај неколкумина од тогашниот режим.

„Го реализиравме концептот „парите назад кај граѓаните“ ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари.Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари.

Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега.

Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега.

Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата и поврат на дел од ДДВто за физички лица. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните.

Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта.Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година. Но, во исто време силно ги поддржавме и домашните инвеститори со над 100 милиони евра државна помош.

Денеска може да кажеме дека “Парите кај граѓаните” е првиот наш заеднички успех, почитувани другарки и другари. Но и првата суштина разлика помеѓу нас и ВМРO-ДПМНЕ , затоа што цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери“ порача претседателот Заев во своето обраќање.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This