ЗАЕВ ФАТЕН НА УШТЕ ЕДНА ЛАГА: Заев лажел за бројот на гласачите и иселените од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со податоците и бројките кои ги објави ДЗС разобличена е уште една лага на Зоран Заев и СДСМ, дека од Македонија се иселиле повеќе од 600.000 жители и дека бројот на гласачи не е поголем од 1,5 милиони граѓани.

Откако Зоран Заев и СДСМ ја преземаа власта во Република Македонија, од ден во ден се повеќе и повеќе се разобличуваат лагите кои лидерот на опозицијата ги говореше во периодот додека неговата партија беше во опозиција.

Последен доказ за тоа е и информацијата од Државниот завод за статистика каде се вели дека бројот на жители во Република Македонија на крајот на 2016 година изнесувал 2.073.702.

Додека сегашниот премиер Заев беше во опозиција ги лажеше граѓаните дека во државата нема повеќе од 1,5 милиони гласачи, иако според бројките кои сега ги објави ДЗС, каде директор е Аднан Џафероски, кој инаку е дел од Извршниот одбор на СДСМ, може да се види дека бројките во избирачкиот список се сосем нормални.

-Ние знаеме дека не може до 16-ти да се стигне со проверката на избирачкиот список и затоа знаеме дека конечно избирачкиот список ќе покаже нешто над 1,5 милион гласачи коишто живеат во Македонија со право на глас, изјави на 9 април 2016 година, кога тврдеше дека во избирачкиот список во Македонија нема повеќе од 1,5 милиони гласачи.

Со овие бројки објавени од ДЗС се разобличува уште една голема лага на СДСМ и Зоран Заев, а тоа за бројот на граѓаните иселени од Република Македонија. Заев долго време тераше лажна пропаганда со цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека од државата се иселиле повеќе од 600.000 граѓани.

– Со сите овие криминални политики во последните 10 години, Никола Груевски ја нокаутираше Македонија. Нокаутот на Македонија го гледаме по сите овие над 600 илјади граѓани што ја напуштија државата, изјави сегашниот премиер во август 2015 година.

Сериозно се поставува прашањето како сега се чувствуваат граѓани кои беа прелажани и подлегнаа на лагите на СДСМ и Заев додека партијата со сите сили и по секоја цена се бореше да дојде на власт.

Инаку, најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 2.144 лица се иселиле од Македонија а 8.887 ги промениле местото и адресата на своето живеење.

Во текот на 2016 година, вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 живородени и 197 мртвородени деца. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 отсто се живородени деца од мајки на возраст меѓу 25 и 29 години.

Вредноста на тоталната стапка на фертилитет  во 2016 година изнесувала 1.50  живородени деца на една жена.

Од Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемиот број од живородените деца  88 отсто се родени во брак и оти намалувањето на фертилитетот е резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години.

Во 2016 година склучени се 13.199 бракови, а бројот на разведени бракови е 1. 985. Просечната возраст при склучување на прв брак е 26,5 години за невестата и 29,3 години за младоженецот.

Бројот на умрените лица во 2016 година, изнесува 20.421 умрено лице, а просечната возраст кај мажите изнесувала 70,3 години, а кај жените 74,7 години. Најзастапени причини за смрт во Македонија биле болестите на циркулаторниот систем кои учествуваат со 53,5 отсто, потоа неоплазмите со 19 отсто, ендокрините, нутритивните и метаболичните болести со 5,5 отсто…

Како резултат на намалувањето на стапката на наталитетот и на зголемувањето на стапката на општиот морталитет, стапката на природниот прираст изнесува 1.2 отсто (на илјада жители) во 2016 година.

Извори на податоците за населението се пописите на населението спроведени во 1921, 1931, 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This