ЗАЕВ ФАТЕН СО „ОНА НА М…“: Ќе го продаде Мерцедесот, но прво да ја прошета цела Македонија убедувајќи граѓаните дека треба да го променат името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев повторно ги ужива плодовите на претходната влада, откако го осуди екс премиерот Никола Груевски на 2 години затвор токму поради набавката на ова возило, фатен е во Гевгелија како се вози во она на М.

Социјалните мрежи вријат со коментари и постови токму на оваа тема кои со огромна доза на иронија ги исмеваат постапките на Заев. Инфлуенсиерот, добро познат на социјалните мрежи Кристијан Јандриоски и овој пат во свој стил реагираше со солен коментар на ваквите постапки на Заев.

-Ќе го продадеме мерцедесот, само прво нека заврши партискиот состанок во Гевгелија, напиша Јандриоски на својот Фејсбук профил.

Имено високи функционери на СДСМ меѓу кои и Зоран Заев шетаат по државата и веќе ја зпочнаа кампањата за референдумот за промена на името на Македонија. Тие ги убедуваат граѓаните да излезат да гласаат за промена на името, откако ги видоа анкетите кои не им одат во прилог на нивните политики. Последната поседа на Заев е во Гевгелија каде според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, очигледно се вози со Тенкот кој одамна ветува дека ќе го продаде, а неофицијално граѓаните коментираат дека бил на гости кај Катица Јанева.

Наводно пред неколку месеци пречката за продажба беше постапката која се уште се возеше против Груевски, но сега кога пресудата е донесена не е јасно зашто тој уште не е продаден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This