ЗАЕВ ЈА ОБЕДИНИ ЦЕЛА БУГАРИЈА:Сите 206 пратеници во бугарскиот парламент гласаа за договорот меѓу Бугарија и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите 206 пратеници, од сестринските партии на СДСМ до најголемите националисти кои не признаваат постоење на македонска нација, јазик, историја, се обединија и го поддржаа договорот кој Зоран Заев, Никола Димитров и остатокот од Владата го подготвија за потпишување со Република Бугарија.

Особено среќни од договореното со Заев беа најголемите националисти ВМРО-БНД и АТАКА кои многупати досега застапувале анти-македонски ставови.

Пратеникот Красимир Богданов од партијата ВМРО-БНД во бугарскиот парламент рече: „Овој договор освен општите ставки кои би биле напишани и во секој друг договор на Бугарија со друга држава, е специјален“ и ги поздрави владата, премиерот и МНР на Република Бугарија бидејќи „ги крунисале со успех напорите на многу бугарски влади“. Лидерот на неговата партија Красимир Каракачанов ја застапува тезата дека Македонија има бугарски карактер и иднина или како дел од голема Албанија или како дел од нова Бугарска држава.

Пофалба за договореното со Заев дојде и од најголемите националисти во Бугарија АТАКА и нивниот лидер Волен Сидеров, кој во оваа прилика призна:

„Ова е историски момент во новата политичка историја нна Бугарија и се радувам што сум дел од него. Посакувам да не поминат уште 25 години додека нештата навистина се нормализираат“.

Волен Сидеров за македонскиот јазик вели дека е измислен како анти-бугарски елемент и пишувал повици за обединување против македонизмот, а сега се потпишува со двете раце зад договорот кој го овозможи Зоран Заев.

И Сидеров и Каракачанов се подносители на декларацијата против репресијата врз Бугарите во Македонија, а пратеници на ВМРО-БНД се и автори на постапката во која европскиот парламент во Албанија призна дека имало бугарско малцинство – иако се работи за Mакедонци кои од економски причини земале бугарски пасоши кои Софија ги раздава со огромно задоволство за после да може да ги искористи во политички операции.

Но, освен што го слават и обожаваат најголемите бугарски националисти кои не признаваат дека постои македонска нација и македонски јазик, Заев доби пофалби и од сите други бугарски пратеници.

„Сегашниот резултат по македонското прашање беше постигнат пред се затоа што се смени власта во Скопје“, изјави пратеникот на БСП (сестринска партија на СДСМ) и поранешен министер за надворешни Кристијан Вигенин кој обраќајки и се на владата на Борисов додаде:

„Примете ја нашата поддршка како пратеници, како политички сигнал од бугарскиот парламент, дека застанува зад дејствата кои ќе ги преземеме (како држава, н.з.)“.

Сите 206 пратеници кои се наоѓаа во Собранието на Бугарија гласаа за декларацијата која и дава поддршка на владата за потпишување на договорот за добрососедство со Македонија кое е планирано на 1-ви август во Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This