ЗАЕВ ЈА ПОСЕТИ СТРАНСКАТА ИНВЕСТИЦИЈА КОЈА ЈА ДОНЕСЕ ГРУЕВСКИ: Единствената фабрика во Македонија во која просечна плата е 500 евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Странската инвестиција Костал, која инвестираше во Македонија во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски вработува нови 200 вработени. Имено компанијата планира да инвестира нови 24 милиони евра во производствените погони. 495 евра е нето платата во германската компанија Костал која се наоѓа во Охрид, а во чии погони вчера беа премиерот Заев, министерот Сугарески и в.д. градоначалникот Георгиевски.

Таа компанија досега инвестирала 29 милиони евра и токму таму работат 350 луѓе.

Заев посочил дека Костал во Охрид работи три години и има просечна бруто плата од 730 евра, односно нето платата е безмалку 500 евра што е амбиција на Заев за сите граѓани и ветување кое беше дел од изборната кампања.

Постојни клиенти на Костал според кажаното се БМВ, Дајмлер, Порше, Тесла и Ролс Ројс а од годинава, како што се посочува, „Костал“ ќе изработува и проекти за Ауди, Фолксфаген, Сеат и Шкода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This