ЗАЕВ ЌЕ ГИ KPATИ ПЛАТИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА, А ЈА ПОЛНИ СО ПАРТИСКИ КАДРИ: Пaндемиja на KOВИД-19 и епидемиja на партиските вработувања во администрацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми, СДСМ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРАВИ ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊА


Во време кога целиот свет се бори против КОВИД19, ние мора да се бориме дополнително со уште една епидемија – епидемија на партиските вработувања на СДС во администрацијата. Само последните неколку денови се склучени 65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра. Ова однесување е недозволиво и срамно, спротивно на закон, спротивно на моралните норми и нечовечно.

Почитувани граѓани, во ова време трошењето буџетски средства за вработувања, не значи ништо друго туку одземање пари од здравството.

Македонија нема недостаток на вработени во јавната адиминистрација, туку има недостаток на заштитна опрема за докторите и медицинските сестри. Македонија нема недостаток од партиски војници во јавната администрација, туку има недостаток на медицинска апаратура и тестови во јавните здравствени установи.

Како дополнителен заменик министер, барам веднаш да запрат сите постапки и да се прекине со оваа епидемија на привремени вработувања во јавниот сектор. Барам Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Македонија веднаш да постапат и да го заштитат заедничкиот интерес.

Приоритет мора да биде здравјето и животот на граѓаните.

Со почит,

Невенка Стаменковски Стојковски

Дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација

Почитувани сограѓани,Почитувани медиуми, СДСМ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРАВИ ЕПИДЕМИЈА СО ВРАБОТУВАЊАВо време кога…

Posted by Невенка Стаменковска Стојковски on Thursday, March 26, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This