ЗАЕВ: Ќе го зголемиме нашето учество во мисиите во Ирак и Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Владата на Македонија објави дека ќе биде зголемено вoeното присуство во Ирак и Авганистан.

„Спремни сме за обврските што ни претстојат. Владата е цврсто решена за 0,.2 проценти да го зголемува вoeниот буџет секоја година и до 2024 тој да изнесува два отсто од БДП за модернизација на apмијата и индивидуалните способности. Вojcката во иднина ќе го зголеми своето учество во мисиите и ќе помагаме во НАТО-фондовите во Ирак и Авганистан, односно во бopбата против ИСИС и ДАЕШ“, рече Заев.

При посетата на Северноатлантскиот совет на НАТО во Скопје тој истакна дека Македонија веќе има голем бенефит од членството во Алијансата.

„Странските инвестиции се три пати поголеми од просекот од последните години, невработеноста е намалена за 7,5 проценти, платите се зголемени за 6,1 посто. НАТО носи економски прогрес“, наведе Заев.

Министрите во Владата кои се членови во НАТО-комитетот ќе рефереираат пред Столтенберг подетално за сработеното во нивните ресори во поглед на приклучувањето кон НАТО.

„Македонија е мала земја но сериозен партнер на сите земји членки во НАТО“, додаде Заев.

Столтенберг, исто така, рече дека сите можат да ги видат бенефитите од членството на Македонија во НАТО и се поголемите инвестиции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This