ЗАЕВ ЌЕ ПРАВИ ТРЕТА АЛБАНСКА ДРЖАВА: Заев од Швајцарија заедно со Андреас Грос го објави планот за редефинирање на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред албанската и македонската дијаспора во Берн, Швајцарија.Ова е потврда дека опозицискиот лидер на изборите на 11 декември сериозно смета на гласачите Албанци и тоа не само од дома, туку и од дијаспората. Опозицијата предводена од СДСМ ќе ги бара гласовите на иселениците токму со кандидат од Швајцарија, пишува Дневник.

zaev_budala

Заев викендов учествувал на дебата со иселеници од Македонија во Берн, пред с`, со албанската дијаспора, но и Македонци и Горани, организирана од „Платформа Албинфо“ од Швајцарија. Освен Заев, на дебатата на тема „Македонија на прагот на избори: Промените, илузија или реалност“, говорник бил и лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, поранешниот швајцарски политичар Андреас Грос и директорот на „Албинфо“, политикологот Башким Исени.

Заев пред иселениците ја образложил граѓанската платформа со која опозицијата предводена од СДСМ ќе настапи на изборите на 11 декември.

– Македонија, независно од националната, религиозната и политичката припадност, треба да биде обединета за да го тргне од власт овој режим. Тука сме обединети и јас како претставник на македонската политичка компонента, говорам на собир каде што мнозинството е составено од Албанци. Јас сум прв од македонските политичари што се ангажирам за еднаквост и единство со сиот ризик дека со ова може да ги изгубам гласовите на оние што не веруваат во оваа можност за еднаквост. Јас ги отворив овие теми независно од тоа кој е засегнат и ова го направив за доброто на Македонија. Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите. Kога ги објавив бомбите видов дека се крадени пари од двата етнички кампа, и од македонскиот и од албанскиот, независно од тоа колку проценти од населението сочинуваат – рекол Заев.

На дебатата со дијаспората, Села потенцирал дека ситуацијата во Македонија е неодржлива во однос на позицијата на Албанците. Според него, етничкото чистење на Албанците од Македонија трае од 1912 година и поради тоа Албанците се многубројни во дијаспората.

Наспроти ангажманот на Заев на контото на опозицијата да легнат и гласовите на албанскиот електорат, лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, речиси на сите средби со граѓаните порачува дека СДСМ нема право на албанските гласови. Лидерот на ДУИ смета дека СДСМ нема да добие ништо со таквите акробации, со пораките за граѓански партии, бидејќи изненадени се самите гласачи Албанци од каде што СДСМ и Заев сега се нудат како спасители.

Впечаток е дека засега освен Ахмети, ниту еден од лидерите на партиите на Албанците, јавно не ја коментира новата платформа на најголемата македонска опозициска партија за освојување на албанското гласачко тело. Според ова, нејасно е дали Мендух Тачи , Зијадин Села, Билал Kасами, Гзим Острени и Весел Мемеди се сигурни дека Заев нема да чепне од нивното гласачко тело, односно дека најзагрозена е владејачката ДУИ поради незадоволството на Албанците од децениското владеење на Али Ахмети.

Според Заев, Македонците се тие лошите бидејќи според него ние сме имале проблеми со сите соседи и малцинства, и сме мислеле дека сите не мразат. Заев вели дека во тој случај проблемот е кај нас. Македонците биле лоши и виновни, а не другите.

Заев обвинил дека актуелната власт е одговорна за лошите односи на Македонија со соседите.

– Парите отидоа на споменици и музеи, кои наместо да н` обединат, н` поделија. И не само тоа, тие ги нарушија односите и со нашите соседи Kосово, Србија, Албанија, Бугарија. Не може да бидеме добри само ние, Македонците, а сите други да бидат лоши. Сега е време обединети да му кажеме стоп на овој режим – рекол Заев.

Андреас Грос: Македонците треба да учат албански!

Според Грос, потребна е промена на Уставот во Македонија за да се изедначат двата јазика.

– Двата јазика (македонскиот и албанскиот) треба да бидат официјални за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата исто како во Швајцарија. Kај нас, имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски – рекол Грос.

И не само тоа.

Според Грос кој најверојатно ја образложуваше платформата на Зоран Заев за редефинирање на Македонија во федерација каква што е Швајцарија, секое дете кое е дел од Македонија треба задолжително да го знае албанскиот јазик.

Катастрофална и поразителна е позицијата на СДСМ и Зоран Заев, кои откако во 2001-ва година исценираа меѓуетнички конфликт во кој клучна улога како и денес имаше Зоран Верушевски, денес СДСМ на чело со Заев да плука по жртвата на загинатите бранители од 2001-та.
Жално и срамно е ова да го слушаат потомците на загинатите полицајци и војници, нивните семејства и сакани.
aracinovo_2001_vojna

Ваквата безобразна кампања не беше неочекувана.
Имено, првото предупредување дојде во моментот кога Зоран Заев беше откриен во блиска врска со терористичкиот јатак Закир Бекири Чауш, кој важи за човек со блиски релации со терористичкото подземје на Косово.
caus-zaev infomaks
Освен ова тој во највисоките тела на партијата вклучи и радикални исламисти како Мухамед Зекири. За неговото додворување до албанците да биде комплетно, Заев реши да поставува и двојазични табли на неговите партиски штабови.
sdsm-stab-aracinovo

Сепак, најсериозното предупредување дека во Македонија се спрема некаква етничка криза го најави терористичкиот напад во Диво Насеље но и изјавата на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров кој изјави дека има добиено оперативни информации дека во Македонија се спроведува план за поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија.
lavrov_nervoza
Дали со тоа мислеше на поделба на федерација во која едниот дел ќе биде под патронат на Албанија, а другиот под Бугарија или пак физичка поделба тоа останува на Заев да го соопшти.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This