Заев: Ќе чекаме да се формира новата Влада пред да продолжиме со разговорите со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев очекува продолжување на разговорите за надминување на разликите со Бугарија по формирањето на новата Влада во Софија, во духот на пријателството, добрососедството и соработката согласно Договорот за добрососедство од 2017 година.

-Остануваме на истиот став. Прво да им честитам на бугарскиот народ на успешно спроведените избори. Се случува навистина во еден од најсилните бранови од кога постои пандемијата во овие повеќе од 12 месеци, да им честитам на сите за мандатите. Секако на премиерот Борисов, за победата заради тоа што тие победија на изборите. Им посакувам мудрост, памет од Господ како е најдобро за нивниот народ така да ги организираат разговорите. Ние ќе чекаме да се состават владините институиции, односно да се формира Владата за да нормално после тоа продолжиме со разговорите. Очекувам новата влада што ќе биде формирана во Бугарија да продолжи во духот на пријателството, добрососедството и соработаката согласно Договорот што го потпишавме и согласно духот на вистински пријатели кои имаат заедничка обврска да обезбедат подобри перспективи за своите граѓани, рече Заев на новинарско прашање во однос на вчерашните избори во Бугарија дали очекува промена во односите во рамки на преговорите со Софија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This