Заев: Mе плaшат нон пејпери за решавање на косовскиот пpoблeм бидејќи не зapaснаа сите paни на Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, за српски Курир зборувајќи за повеќе актуелни прашања во земјата и регионот се осврна кој нон пејперите за решавање на косовскот прашање.

„Различни нон пејпери за решавање на косовскиот проблем ме плашат бидејќи не зараснаа сите рани на Балканот. Кога ЕУ закочи со сите нас, штом ќе го забави нашиот процес на интеграција, не мислам само на Македонија, туку и на Србија, Црна Гора, па дури и на БиХ и Албанија, се појавуваат некои нон пејпери, но и радикални идеи. И тие други идеи можат да завршат само со војни, на кој било друг начин“, вели Заев.

Во однос на отворенот пропагирање на „Голема Албанија“, во која се наоѓа дел од Македонија, Заев истакна дека сепак е загрижен за нејзината реализација, бидејќи Балканот е мал регион каде сите земји се поврзани.

„Никогаш не можам да кажам „не“ со сигурност, но тоа би било тешко во Македонија бидејќи ние сме членка на НАТО и со секоја закана за нашата територија и интегритет, би се активирал членот 5 од Договорот за НАТО, кој би нè заштитил – сите за еден, еден за сите. Сепак, не можам да кажам конечно „не“ затоа што дефинитивно не знаете до каде некој може да го испровоцира тоа. И затоа решението е секоја земја да влезе во ЕУ. Кога ќе ги достигнеме шенгенските услови, тогаш нема граници. И покрај тоа што Македонија е во НАТО, тоа не значи дека не се грижам, никогаш не знаете. Ако нешто е ризично за српскиот народ, јасно е дека е ризик за сите нас, Балканот е мал регион, сите сме поврзани. Кога регионот е стабилен и безбеден, тогаш и Македонија е безбедна и стабилна. И кога регионот е нестабилен и има проблеми, тогаш ние сме исто така нестабилни и имаме проблеми. За нас, сè што е прифатливо за Белград и Приштина е добро, решение што гарантира мир на Балканот, европска интеграција, безбедност и иднина на сите етнички заедници што живеат на таа територија“, посочи ЗАев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This