Наскоро се очекува заедничка владина седница меѓу Владата на Македонија и Косово. Ова на денешната прес-конференција го обелодени портпаролот на Владата на Македонија, Мухамет Хоџа, пренесува Алсат-м.
“Македонија и Косово предвидуваат зајакнување на соработката во неколку области, особено железничкиот транспорт, дијаспората, одбраната, иновациите, културата и економијата.
Сето ова ќе се постигне со потпишување договори за интензивирање на соработката во овие области, на првата заедничка седница на македонската и косовската влада “, објасни Хоџа.
Досега Владата на Македонија одржа заеднички седници со владите на Бугарија и Албанија.