ЗАКОНИТЕ СЕ САМО ЗА НА ХАРТИЈА: Царовска вработува партиски послушници, па макар биле и недоволно образовани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Општина Ресен е поставен за вд Директор на Јавната Општинска установа за деца –детска градинка “11-ти Септември” лице кое не ги исполнува условите утврдени со Законот за високо образование и е спротивно на Законот за зaштита на децата и тоа член 120. Поставено е лице кое што е со средно образование и не ги исполнува еден од суштествените услови. На СДСМ најважно им е назначување на партиски директори, па макар биле и недоволно образовани.

Иако законите постојат, за оваа kpиминална влада и за Министерката за труд и социјала тоа се само парче хартија. Наместо грижата за воспитанието на децата од предучилишната возраст да биде на прво место, на оваа влада најважно и е поставувањето на партиски послушници без соодветно образование. Зборовите од излагањата на Министерката Царовска за имплементација на законите, се безначајни, затоа што постапките се спротивни на нив.

Ја повикуваме министерката за труд и социјална политика да даде одговор на јавноста за ова пpoтивзаконско назначување на вд Директорот на ЈОУДГ 11-ти Септември во Ресен, напишаа на Фејсбук од комисијата за труд и социјална работа на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=139563137465824&id=105104614245010

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This