ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ГИ ОБВИНИ РОДИТЕЛИТЕ:Навреме не го однеле детето на лекар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредни инспекции кај матичните лекари на трите деца со дијабетес, кои вчера завршија на КАРИЛ, наложиле од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). По завршување на инспекцијата, ќе се знае дали има пропуст во лекувањето.

„Веднаш по добиените информации за трите деца, испративме инспектори на терен кај матичните лекари во Охрид, Гевгелија и во Свети Николе, но и во општите болници каде што првично биле примени децата пред да бидат донесени на Клиника“, изјави директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова-Бухова.

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, пак, е уверен дека нема пропуст кај лекарите. Тој информира дека здравствената сосптјба на 14-годишното девојче е стабилна и ги обвини родителите што навреме не го однеле детето на лекар.

„Сите три случаи се новоткрени, отишле на лекар за нивната здравствена состојба и во матичните установи било откриено дека е дијабетес, но во согласност со правилата, бидејќи се деца, тие се испратени на Клиниката за детски болести“, рече Муса.

Лекарите предупредуваат да се внимава повеќе кај исхраната на децата со дијабетес. Зголемено мокрење, пиење повеќе вода и земање храна, а истовремено слабеење, се многу важни знаци што треба да ги препознаат родителите, порачуваат ендокринолозите.

Девојче од Охрид и уште едно двегодишно и 4-годишно дете неделава биле хоспитализрани на Детската клиника со дијагноза дијабетес, кои на тежок и опасен начин дознале дека се болни. Децата се од Охрид, Гевгелија и од Свети Николе. Од Асоцијацијата на деца дијабетичари се сомневаат дека лекарите во Охрид не успеале навреме да го откријат труењето на организамот предизвикано од дијабетесот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This