ЗАНАЕТЧИСКАТА КОМОРА СО ПРЕДЛОГ МЕРКИ: Да се ослободат занетчиите од придонеси за плата и персонален данок на доход

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Занаетчиите со итни предлог мерки за справување со ситуацијата со коронавирусот. Соопштението на Занаетчиската комора ви го пренесуваме во целост.

-Развој на Занаетчиството на локално и државно ниво датира од многу одамна,добро развиено Занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност.Модерните Занаетчиски Регионални Комори кој ја формираа и основаа Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија се стремат да го издигнат и покажат дека Занаетчиството е се околу нас,и дека со Занаетчиство може да се живее и работи.

Законот вели дека Занаетчиска дејност е занаетчиско производство,занаетчиска услуга,уметничко занаетчиство и домашното ракотворење.Меѓу другото,а со оглед на битноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја,неминовно акцентирање на улогата на Регионалните комори како институции кој придонесуваат за развој на занаетчиите , а со самото развивање и на ЗКРСМ ,која ќе биде двигател на развој на општи стандарди,едукацијата,со поставување на стандарди на занаетчиски производи ќе се овозможи на поволна финансиска и кредитна политика ,за развој на занаетчиството.Но новонастаната ситуација во државата зарди Корона Вирусот,сметаме дека е потребно и Ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано,да се преземат чекори за надминување на кризата каде Занаетчиството е дирекно погодено.

Наш предлог е да се ослободиат Занетчиите од Придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март,Април ,Мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во Државата.Даваме исто така предлог да овозможат и времен престанок на Занаетчиите кој се во директен контакт со луѓето како Фризер,Козметичари,Педикири Маникири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This