ЗАСИЛЕНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ИДРИЗОВО: Идризово под засилено полициско обезбедување поради префрлање на терористите од „Диво Насеље“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Затворот „Идризово“ крај Скопје деновиве е под засилено полициско обезбедување, откако во овој затвор, од битолскиот се префрлени осудените во случајот „Диво Насеље“ – пренесува порталот „Сведок.мк“

Полициската единица за брзо распоредување е дојдена на помош на затворското обезбедување и вооружени патролираат околу затворот, како и на контролните кули на затворот.

Безбедноста била зголемена со барање помош од МВР, откако осудените за „Диво Насеље“ било одлучено да се префрлат од Битола во скопје, за да се реновира битолскиот затвор.
Со пресуда на Основниот суд Скопје 1, од ноември 2017 година, седум обвинети беа осудени доживотни затворски казни, на 13 обвинети им беа изречени затворски казна во траење од 40 години, шестмина беа осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица обвинети од групата поради немање докази беа ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Македонија.

На доживотна казна се осудени Анди Красниќи, Фејзулаки Фадуљ, Насув Бекири, Валдет Зекај, Бек Бајра, Фејзула Руштими и Деме Шеху.

Обвинетите одговараа за „тероризам“ и „терористичка организација“. Образложението на судијката по изрекувањето на пресудата беше дека доказите што ги понуди обвинителството покажале дека обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација, дека доказите јасно ги утврдуваат приликите поради кои обвинетите дошле во Македонија, начинот на кој тие влегле во земјава, како се засолниле и како во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад.

Извор
Сведок.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This