ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР: Извршниот секретар на ЛДП стана директор на затворот „Идризово“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата го назначи Антонио Димов од ЛДП за нов директор на казнено поправната установа Идризово, потврдуваат од таму.

Извршниот секретар на ЛДП, Антонио Димов е нов директор на затворот Идризово. Тој е именуван со одлука на Владата, на местото на кадарот од Алијансата на Албанците, кој си поднесе оставка, откако партијата ја напушти владината коалиција, објави порталот „Сведок“.

Димов е уште едно партиско решение, кое треба да го води најголемиот затвор во земјава, без никакво искуство во оваа област.

Димов има завршено економски факултет, а ја извршувал функцијата извршен секретар на ЛДП. Тој дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 1999 година.

Прво се вработил како советник за надворешна трговија во велешката компанија „Брако“, сопственост на сегашниот вице премиер Кочо Анѓушев. Таму останал 5 години, по што преминал на работа кај Штерјо Наков во „Фершпед“, потоа бил финансиски советник на неколку велешки компании, а три и пол години работел и во Торонто, Канада.

На директорската позиција во Идризово доаѓа по донесување на законот за амнестија, со кој околу 600 затвореници од речиси 2 илјади излегуваат од затвор, а на другите затвореници опфатени со законот во голем дел им се намалени казните.

Условите во затворот се лоши и тоа е нотирано во сите извештаи на меѓународните организации.

Димов е втор директор во затворот Идризово од доаѓањето на СДСМ на власт, а втор директор за истиот период има и истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This