Затвopeн кафе барот „Интepмецо“, пopaди глacна мyзикa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

-По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава.

Со оглед на горенаведеното правно лице, за кое веќе му е изречена глоба во износ од 6000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот Интермецо му се изрекува забрана за вршење дејност.

Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа.

Во интерес на граѓаните и подобрување на начинот на живот на центарци, Општина Центар продолжува со редовни и засилени контроли и согласно своите надлежности, ќе преземе поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи – стои во соопштението нс Општина Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This