Захариева им порача на Димитров и Заев да си го прочитаат Договорот за добрососедство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска доаѓа во Софија и ќе има средба бугарскиот премиер Бојко Борисов, потврди шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариева. Таа најави дека ќе им предложи на двајцата премиери да биде свикана Меѓувладината комисија за спроведувaње на Договорот за пријателство и добрососедство, која не се состанала речиси година и пол, иако во меѓувреме, како што посочи, се насобрале многу прашања.

Бугарската министерка за надворешни работи повторно ги повика македонските власти да го почитуваат и спроведат Договорот за добрососедство и да ги разгледаат бугарските забелешки.

– Имаме забелешки не само за историјата, туку и за напредокот на инфраструктурните проекти, како што е Коридорот 8. Секој што патува ја гледа состојбата со поврзаноста меѓу двете земји. Повеќе од година и пол чекаме на програмата за соработка од областа на културата и образованието, која ја испративме, но сè уште немаме одговор од нив. Само во областа на туризмот е постигнат напредок, но тоа беше пред пандeмијата на кopонавирусот. Но, овој напредок воопшто не е доволен, изјави Захариева пред днешниот Самит за Западен Балкан на Берлинскиот процес во Софија со кој ќе копретседаваат премиерите Борисов и Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This