Захариева: “He cмe cpeќни штo кaжaвмe „нe“, нo нeмa дa пpaвимe кoмпpoмиc co нaциoнaлнитe интepecи”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов, изјави дека Бугарија, како членка на ЕУ, продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Захариева истакна дека не се точни се крајно неосновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ запирајќи ја Македонија на патот кон членство во ЕУ.

Захариева порача дека пред три години по крајот на бугарското претседателство со ЕУ, претседателствата по нив се чувствувале должни да го продолжат тој приоритет и тоа се претвора и во нивен приоритет.

Колегите од Австрија, Хрватска, Романија, Португалија и Германија, а сега и Словенија, објавија дека ќе се занимаваат со темата, вклучително и Чешка, којашто е по 18 месеци ротациски претседавач. Не сме среќни што требаше да кажеме „не“, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму (Македонија) – изјави Захариева.

Во однос на позициите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот, дека проширувањето на ЕУ не треба да стане заложник на билатералните спорови и бугарската политика кон Македонија, Захариева вели дека нерешените прашања треба да се решат претходно и оти Бугарија нема да прави компромис со своите национални интереси.

Според Захариева, бугарската Влада не реагирала официјално за изучувањето на српскиот јазик во Македонија затоа што тоа е внатрешно прашање.

Тоа е внатрешно прашање, ние не можеме да се мешаме за воведувањето српски јазик и отворање нивен културен центар, тоа е внатрешно прашање. Само сакаме да има и бугарски културен центар – изјави Захариева.

Таа оцени дека меѓу двете држави нема нормален пат, нема железничка линија и се создаваат административни пречки пред бугарските компании што сакаат да инвестираат во Македонија.

Захариева потврди дека Бугарија била сојузник на Германија за време на Втората светска војна и дека имало Закон за заштита на нацијата, но бугарскиот народ, дел од пратениците, бугарската Црква и интелектуалци, биле причина да бидат спасени бугарските Евреи од депортација.

Се гордеам со спасувањето на бугарските Евреи. Тоа се вели не само во Бугарија, има признание и од Израел и од сите меѓународни еврејски организации, но во исто време, жалиме за тоа што над 11.400 Евреи не биле спасени на територии што во тоа време биле само администрирани од Бугарија, без да бидат бугарски – изјави Захариева.

Според неа, единствената нација во учебниците по историја во Македонија што е претставена како фашистичка е бугарската.

Јас не мислам дека бугарскиот народ е фашистички народ. Тогаш и Италијанците и Албанците исто така треба да бидат посочени како фашисти, затоа што и тие биле сојузник во оној историски момент на Германија – вели Захариева.

Таа се заблагодари на властите во Скопје за затворање на Фејсбук групите во кои имало говор на омраза против Бугарија, истакнувајќи дека најважно е да ги смириме емоциите, затоа што ако не се решат проблемите и двете држави ќе загубат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This