Eднo лицe пoд иcтpaгa зa нeдoзвoлeнo пoceдyвaњe opyжje и myнициja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 1-ви месецов во автомобилот кој го управувал во селото Горно Количани, држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9мм Para, како и две рамки со 15 куршуми за тоа полуавтоматско огнено оружје.

Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This