Захариева oбвинува: Почнавте со отcтапување од обврските од Договорот веднаш штом станавте наш сојузник во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Захариева, сепак, смета дека сега односите меѓу двете земји „не се толку лоши“, бидејќи Скопје и Софија разговараат, за разлика од периодот на поранешниот премиер Никола Груевски, кога, како што вели, „немаше состаноци“.

Имаме проблеми, имаме премногу остра јавна реторика, непримерен говор, од кој се обидувам да не бидам дел. Премиерот (Бојко Борисов) исто така. Мојот повик е да не разговараме преку медиумите, ние сме во постојан контакт, имаме телефони. Ние секогаш можеме да се чуеме, секогаш можеме да се видиме, вели Захариева.

Според неа, решението на проблемот меѓу двете земји е во враќање кон Договорот за пријателство и добрососедство и негова имплементација.

Забележавме постепено отстапување од обврските од Договорот веднаш штом станавте наш сојузник во НАТО. Не сакам да мислим дека договорите беа потпишаа само со цел Бугарија да каже „да“ и потоа да престанат да се спроведуваат, вели Захариева.

Таа оценува дека земјава треба да ги почитува своите обврски од Договорот за добрососедство и пријателство со Софија и да „престане потткнувањето омраза кон Бугарија и Бугарите“.

Не е нормално ова да се случува во 21-от век и да се победува на избори со единствена програма за омраза и негирање на соседна земја. Ова не се случува во Бугарија и многу ми е драго што е така, тврди шефицата на бугарската дипломатија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This