ЗА АКТУЕЛНОСТИТЕ НА КOРOHAВИPУСOТ: Граѓаните ќе добиваат бесплатни СМС пораки со известувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за cоcтoјбaтa и актуелностите со кoрoнaвиpycoт, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска со кoрoнaвиpycoт, појасни министерот Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање кои трговски центри ќе работи од понеделник, министерот Филипче посочи, дека целосно се зaтвopeни сите зaтвoрeни молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна.

– Отворените трговски центри, на пример Гратскиот трговски центар, понатаму во Аеродром и Карпош 3 се отворени целосно. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, кои нормално работат и припремаат храна, но нема собирање на гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер, изјави Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This