ЗА ЗАЕВ ВАЖАТ ДРУГИ ЗАКОНИ: Oтворен и експресно затворен случајот за поткупот на гласачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев и СДСМ сакаат набрзина да донесат Закон кој ќе го амнестира нивниот криминал. Тоа само го покажува стравот на СДСМ и Заев од владеењето на правото и правната држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Последен доказ за тоа е скандалот во кој се гледа како обвинителството на Русковска го амнестирала по кој знае кој пат криминалот на Заев во случајот со поткупот на гласачи од 2014 година. Овој случај бил отворен и затворен во експресна постапка при очигледни докази, без да дознае јавноста со краен исход ослободување на Заев од обвинение. Заев не е амнестиран само за поткупот на гласачи во 2014, туку и за случајот Глобал, случајот Поткуп, случајот Пуч, а нема никаква реакција од обвинителството за изборниот поткуп и на референдумот во 2018 година. Обвинителството го претворија во консилиер на мафијашката група на власт. Секој скандал, афера, криминал и индиции за корупција на власта на Заев, обвинителството го забошотува. Да потсетиме на Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Крвавиот Тендер, Аферата Кеш, Канабис Милионите, Криминалните иновации, аферата Леонардо, аферата Сархемс, но и насилството на Курто Дудуш, заканите на градоначалникот од Демир Хисар, шверцот на Боро Марлборо. Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за обвинителство, затоа што така нема да може некоја Вилма Русковска или Љубомир Јовески да ги сокрива и ослободува од милионските криминали и афери, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека помина времето на Заев.

-Времето на Заев помина, а поминува и времето на селективна правда и заштита на неговиот криминал. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12-ти април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, порачуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This