БЕЗ КОМЕНТАР: ММФ бара контрола на корупцијата и владеење на правото во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владеење на правото во Македонија мора да се обезбеди и подобри, се вели во најновиот извештај на ММФ. Од Меѓународниот монетарен фонд велат дека иако растот е солиден во изминатите две децении, тој не е доволен за да се намали големиот јаз во приходите на земјава со оние што ги имаат европските граѓани. За да се приближиме побрзо, мора уште да се подобри јавната администрација, да се обезбеди владеење на правото и контрола на корупцијата.

„Реформите за решавање на неформалната економија ќе помогнат во подобрување подобрување на деловната клима и заштита на работниците. Зајакнувањето на ефикасноста на даночната администрација треба да биде приоритет, комбинирано со мерки што ја зголемуваат довербата на јавноста во институциите и даночниот морал“, велат од ММФ.

Минималната плата треба тесно да се усогласи со продуктивноста. Укажуваат дека нето минималната плата е зголемена кумулативно за 44 проценти од 2017 година, додека растот на продуктивноста е низок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This