ЗА МЕНЕ ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ, ГЛУМИЦА!: Мери Николова сведочи за бруталноста на Мила Царовска, откривајќи нов скандал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„ Посебно за овој случај таа повеќе за мене не постои! ГЛУМИЦА…“ – напиша жестоката активистка на СДСМ и „Шарената револуција“ Мери Николова на нејзиниот ФБ профил, критикувајќи ја министерката за труд и социјала Мила Царовска

Како што открива Николова, Царовска барала од жена со четири деца, чиј сопруг лежел во болница со отворен граден кош да ги обнови документите пред да може да ги оствари своите права. Николова објаснува дека поради неажурноста на министерството сопругот на жената починал, а истата е оставена без никаква помош од државата.

За ваквата бруталност таа вели дека не се борела, и мислела дека во државата конечно ќе завладее правда, но сега е разочарана.

„За каква правда се зборува, за онаа сокриена на удобен стол?
Секој ден на неа мислам. И нема да престанам да пишувам дека таа нема мајчински чувства и треба да биде сменета!
Вие што ја поддржувате Царовска да си ја чувате, кога ќе осетите на своја кожа тогаш ќе ве прашам пак дали би напишале дека се работи за туѓа амбиција? Мајка со 4 деца од кои 2 близначиња на 2 год.а мажот и на работно место му крвари градниот кош и 10 дена во кома, каде потоа умира. Жената во тие моменти требала да обнови документи. Иако уредна секогаш во тој период таа е изгубена. Од социјалното ја познаваат и знаат за случајот а во мал град ги има неколку такви случаеви па раководителот требало да ја потсети. А не тие пратиле по пошта и поштарот никогаш не го доставил извесувањето. Што е нај трагично отишла по неколку месеци да провере зошто нема пари на сметка и тие и одговориле дека не доставила нови документи. Иронијата да биде поголема и рекле, бркај го поштарот тој е крив. Лично и се јавив на Министерката и вети дека ќе го расчисти случајот. И по неколку месеци од мои блиски извори добив информации дека таа воопшто се нема јавено за случајот. На жената и умираат мајка, татко, сестричка на 18 год.и сега мажот и.
И ве молам не сакам да читам глупости како што сте пишале. Има уште многу причини а и вие добро ги знаете. Немам намери да ви пишувам реферати. Посебно за овој случај таа повеќе за мене не постои! ГЛУМИЦА…“ – пишува Мери Николова на нејзиниот ФБ профил.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This