За одбраната на ekcшефот на УБК „Topтура“ е гола формулација без докази против Мијалkoв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За одбраната на Сашо Мијалков обвинението за „Тортура” е гола формулација непоткрепена со докази. Адвокатот Љупчо Шврговски, кој го застапува Мијалков на денешните заврши зборови нагласи дека ниту теоријата ниту праксата познаваат стек односно спој, каде едно лице може да се јави и во улога на извршител и поттикнувач, односно не може да постои квалификација во која Мијалков може да биде поттикнувач на извршување на кривичното дело.

„Обвинението е гола формулација непоткрепена со докази. Обвинителот не само што не презентираше доказ, туку нема наведено ниту еден факт дека Мијалков ги поттикнал другите да го извршат кривичното дело. Кога обвинетите беа прашани дали имале телефонски контакт или дали го познавале обвинетиот, тие беа децидни, дека ниту го познаваат, ниту пак зборувале телефонски. Ако имаше контакт, тоа ќе го имаше во листите на телефонски повици, но тоа го нема како доказ и тоа се само голи претпоставки”, рече адвокатот Шврговски.

Тој ги појаснуваше и аудио снимките, односно „бомбите” кои се дел од доказите и во кои Мијалков зборува телефонски со соговорници за чинот на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски и за тоа како бил легнат долу на земја.

Аудио снимките, вели адвокатот Шврговски, покажуваат дека разговорите кои ги води Мијалков се изразување на сатисфакција за успешно извршена акција во која е фатен Бошкоски. Во тој контекст се и разговорите, односно тоа е сатисфакција дека е фатен бивш министер за внатрешни работи. Прашањето е дали Мијалков придонел за реализација на акцијата на „Алфите”, а одговорот е не. Бошкоски самиот ја испровоцирал реакцијата на полицајците. Бошковски се дал во бегство и пружил отпор и затоа била употребена минимална сила. Никој не им наложил да употребат сила и тоа тие го сториле поради тоа што Бошковски се дал во бегство”, додаде Шврговски.

Адвокатот на Мијалков направи анализа на доказите и ги подели во две групи,односно првата е душевно страдање на Бошковски и втората се дејствијата на извршување на обвинетите.

„Има судско-медицински вештачења од УКИМ, Институт за судска медицина и криминалистија и судско-медицинско вештачење изготвено од д-р Ставре Грамов и д-р Александар Марцикиќ. Од Институт за судска медицина направено е вештачење од каде произлегува дека бил извршен преглед во затворската установа врз Бошкоски и каде биле констатирани крвни подливи, но не е наведено кога тој примил инфузии. При прегледите од затворскиот психијатар било констатирано дека Бошковски страдал од Тешка депресивна епизода и анксиозност, а кај Бошковски при првичниот преглед, не се констатирани трауматски повреди по телото. И ова е сосема спротивно од она што го зборува Бошковски. Нема докази дека Бошковски страдал од депресија и анксиозност. Психијатарот во затвор не забележал ништо посебно, односно само дека Бошкоски бил вознемирен од чинот на апсењето. Психијатарот навел дека можно е таа вознемиреност може да биде од срамот и чинот на апсење”, рече во завршен збор адвокатот Шврговски.Одбраната вели дека немало видливи повреди и траги на насилство и се доведува во прашање кредибилноста на исказот на Бошкоски.

Во втората група на докази, Швгровски ги смести видео снимката од апсењето, службената белешка и службената документација, како и исказите на сведоци и обвинети.

„Од видео снимката произлегува дека Бошкоски реагира и дава активен отпор во текот на апсењето, па затоа и Алфите го лепат за возилото. Не можат да го контролираат и во стоечка позиција без да му предизвикаат повреда, мора да го легнат и да го врзат со лисици”, дополни адвокатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This