За прв пат во историјата: Арктичкото море се уште не е заледено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За прв пат откако се почнати документирања, Арктичкото море во Сибир се уште не е замрзнато.

Веќе е крај на Октомври, а водите во Лаптевото Море се уште не се замрзнати.Научниците тврдат дека причината за ова е невообичаената топлина во северна Русија и напливот на топли води од Атланскиот океан,што би можело да има несакани последици во поларниот регион.


Океанските температури во оваа област се за 5 целзиусови степени повисоки од нормално,после големиот топлотен бран и невообичаено рано повлекување на минатогодишниот мраз.

Климатскиот научник Ларск Калешке од институтот Алфред Вегнер во Германија предупреди дека оваа година после топлото лето, гледаме дека количината на мраз е најниска досега.„Гледаме одложено замрзнување на оваа област и сега имаме 4 милиони квадратни километри помалку мраз во споредба со 1980-та година. Тоа е област 10 пати поголема од Германија.“

Стравувањата дека ова ќе направи домино ефект кон остатокот од планетата се големи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This