ЗА ПРВ ПАТ ПО 50 ГОДИНИ: Годинава нема да се додели државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за остварувања во областа на публицистиката и новинарството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту еден од пpијавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Одборот за наградата, со кој претседаваше Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година.

Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се доделува за публицистика и новинарство е единствената македонска државна награда за новинарство,која за прв пат е доделена во 1969 година. Останува нејасно зошто токму оваа јубилејна 50та година наградата нема да се додели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This