За тоа има пари: Собранието ќе има пет потпретседатели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците денеска со 60 гласа „за“ и 22 „пpoтив“ ја усвоија Одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом. Претседателот на Собранието Талат Џафери предложи Собранието да има петмина потпретседатели.

Во образложението на предлогот, повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, се наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Изборот на потпретседатели на Собранието ќе се врши на друга собраниска сеница.

Во август портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, Димче Арсовски, рече дека нивната партија ниту прифаќа, ниту ќе предложи потпретседател на Собранието, по што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека ако ВМРО-ДПМНЕ се отkaже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This