За paмковните ќе има жолт кapтон, aко 2 пaти одбиjaт paбота, „рамковните“ ќе добијат отkaз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„ Доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, двапати одбие опција за ангжаман што ќе му биде понуден за работа во некоја од институците, ќе му биде раскинат работниот однос“, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Министерот вели дека Нацрт-законот за систематизација на административните службеници за вработените преку програмата за правична и соодветна застапеност (К5), усвоен од Владата е да се реши десетгодишниот проблем и да се оствари владината програма без дополнителни финансиски импликации.

. „Јас би посакал за сите вработени кога ќе се подготви програмата за префрлање да се има предвид и нивната професионална подготовка и локациите од кај доаѓаат. Истовремено, по подготвување на списокот, тие што нема да прифатат, според нацрт законот, ќе се префрлат во трансфер листата на Министерството за информатичко општество. Во таа трансфер листа ќе се понуди и втора опција, но ако не го прифатат и тоа, ќе се раскине работниот однос на тие што нема да го прифатат и вториот предлог“, објасни Шаќири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This