ЗГОЛЕМЕНИ TEHЗИИTЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Претседателот Мадуро ја затвори границата со Бразил!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро  ја затвори границата со Бразил како резултат на зголемените тeнзии околу испораките на странска помош.

Претседателот, исто така, размислува за затворање на границата со Колумбија, со што би се изолирал поголемиот дел од внатрешноста на Венецуела.

Во телевизискиот говор во четвртокот, Мадуро го објави затворањето на границата во Бразил и предупреди да не се прават обиди за внесување хуманитарна помош во Венецуела на сила.

„Не сакам да донесам таква одлука, но го разгледувам тоа-апсолутно затворање на границата со Колумбија“, рече тој. „Ги презедовме сите мерки за сè да биде мирно“, додаде тој.

Странската помош моментално се собира во Бразил и во Колумбија, на барање на опозицискиот лидер и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо. Иако минатата година Мадуро ја прифати помошта од Обединетите нации, тој се спротивстави на новите пратки хуманитарна помош, велејќи дека кампањата за помош на опозицијата е „провокација“.

Венецуела веќе ги затвори своите воздушни и поморски граници со Куракао, како и островите Аруба и Бонаир, од каде што Гуаидо, исто така, очекуваше хуманитарна помош.

Иако тој рече дека сабота е крајниот рок за примање на помошта, вojската на Венецуела е лојална на претседателот Мадуро и ги блoкира сите премини што водат до границите. Гуаидо е на пат кон граничниот колумбиски град Кукута, каде што неколку пратки американска помош чекаат да бидат пренесени во Венецуела.

Обединетите нации и Црвениот крст го критикуваа политизирањето на хуманитарната помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This