ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА КОРУПЦИЈА: МЦМС со ново истражување – најкорумпирани пратениците, министрите и судиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се зголемува процентот на корупција во Македонија. Според овогодишните податоци, 36,3 проценти од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок што претставува зголемување во споредба со 2016 година, покажуваат резултатите од извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка при изработката на најновиот извештај за проценката на корупцијата во Македонија во 2017 година.

Според резултатите најкорумпирани се министрите, пратениците, политичарите, судиите и здравствените работници.

Граѓаните не очекуваат дека корупцијата во Македонија може да се искорени.

Претседателот на МЦМС, Александар Кржаловски истакна дека е многу мал процентот на казни за корупција.

Резултатите од извештајот покажуваат дека тројца од четворица граѓани сметаат оти судиите и јавните обвинители се најкорумпирани, а над 65 проценти од граѓаните ги посочуваат пратениците, министрите, лидерите на политичките партии и локалните лидери за најкорумпирани.

Гледано по сектори, на прво место по корумпираност се судовите и обвинителството, а на второ место министерството за здравство и јавниот здравствен сектор.

Секој петти граѓанин смета дека корупцијата не може да биде намалена, а 46,9 проценти дека секогаш ќе постои, но оти може да биде намалена.

Оваа тема за корпупцијата станува се повеќе актуелна во последно време како производ на честите случаи на барање на мито и корупција од страна на носителите на јавни фукнции.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This