Здравството ни живее од донации: ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија доби донација на кревети за интeнзивна нега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека лекарите макотрпно се борат за животот на луѓето во екот на пандемијата, компанија Mozzart веќе со месеци се труди да помогне на државата и здравствените работници, со цел да се подобрат уште повеќе условите за работа во болниците ширум земјата. Низата од големи хуманитарни акции насочени кон болниците, овој пат продолжува со донацијата на најсовремени кревети за интензивна нега, наменети за болниците и Ковид центрите кои лекуваат пациенти заразени од Ковид-19. Првата испорака од седум кревети за интензивна нега беше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.

Од Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија се заблагодарија на донацијата која е исклучително важна во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни места во болниците.

Вакви донации за нас се важни, особено сега во овие тешки моменти кога постои недостиг на слободни кревети во некои од болниците, каде се лекуваат болни од КОВИД-19. Донираните кревети за интензивна нега ќе бидат распределени во ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија и Ковид центрите во интерните клиники онаму каде што ќе има најмногу потреба. Од името на целиот персонал и пациентите изразувам голема благодарност до компанијата Mozzart за хуманиот гест кој го направија. Го цениме секој труд и поддршка што доаѓа од вистински луѓе во право време. Ваквите дела ќе бидат запаметени и се поттик за нас кој ќе не охрабри да продолжиме во оваа битка.“ – изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија – Скопје, кој воедно е и координатор на Ковид центрите во интерните клиники

На доделувањето на донацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, кој ја поздрави оваа акција на компанијата Mozzart.

Од Mozzart велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, секоја донација во болниците е од огромно знчење за здравствениот систем и здравствените работници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This