Здруженијата на дијабетичари: Децата со дијабетес оставени без систем за следење на нивото на шекерот, институциите молчат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здруженијата на дијабетичари и Баланс мк поднесоа претставка до народниот правобранител Сојуз на здруженија на дијабетичари на Република Македонија заедно со здружението Баланс МК – Асоцијацијата за детски дијабетес Тип 1 на Македонија, водејќи се од потребите на лицата со дијабетес Тип 1, особено децата и адолесцентите, за обезбедување на СИСТЕМИ ЗА БЕЗБОЛНО И КОНТИУИРАНО следење на нивото на гликемија.

СЗДСМ и неговите членки пред се БАЛАНС МК, има поднесувани барања до Министерството за здравство на РМ, од Јануари 2018 година до Август 2020 година, посветени на справувањето со дијабетесот, пред се во поглед на нови, современи лекови (инсулини) како и неопходните технички помагала со посебен акцент на во светот одамна применуваните и развивани, СИСТЕМИ ЗА БЕЗБОЛНО И КОНТИУИРАНО следење на нивото на гликемија првенствено кај децата и адолесцентите, а потоа и кај сите останати лица со тип 1 дијабетес.

Во прилог е поднесената претставка:

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, e формиранa во мај 2002 година и како едно од најстарите пациентски здружение во нашата држава, ги застапува правата на над 4500 лица и деца со дијабетес тип 1, како и нивните стремежи за подобра здравствена заштита, за безгрижно и пред се здраво детство – 500 деца во Македонија живеат со оваа состојба, а согласно природното право, меѓународните Конвенции за правата и заштитата на децата, како и домашните законски акти во таа област.

Во таа насока сите програмски и други активности на Баланс МК, особено последниве години и како полноправна членка на СЗДСМ (Сојуз на здруженија на дијабетичари на Република Македонија) се фокусирани не само на меѓусебната и јавна солидарност и соработката со здравствените работници, туку и кон засилениот институционален ангажман во справувањето со дијабетесот, пред се во поглед на нови, современи лекови (инсулини) како и неопходните технички помагала со посебен акцент на во светот одамна применуваните и развивани (сега веќе преку трета генерација) СИСТЕМИ ЗА БЕЗБОЛНО И КОНТИУИРАНО следење на нивото на гликемија првенствено кај децата, а потоа и кај сите останати лица со тип 1 дијабетес. Системи коишто се практично “алфа и омега“ во успешното справување со дијабетесот тип 1, суштествени со нормален и здрав живот на децата, нивен безбеден и правилен раст, развој и се разбира непречено одвивање на сите нивни активности од обичните игри до воспитно-образовниот процес.

За жал Република Македонија во моментов е последната земја не само во Европа туку и во регионот, во која што непостои институционална заинтересираност или каков и да е институционален ангажман за воведување на овие нови системи за безболно и континуирано следење на нивото на шеќерот во крвта. Освен ретките најави по правило секогаш пред изборни циклуси, кои потоа биваат по правило заборавени.

Оттаму, а со оглед на фактот дека како кај нас така и во светот од година во година појавата на јувенален (детски) дијабетес тип 1 (инсулин зависен) за жал поприма епидемиолошки размери, и свесни дека набавката на овие системи е преголем товар за секое семејство – еден сензор чини 60 евра и се менува на секои 14 дена, се набавуваат од странство (така што има дополнителни трошоци), во многу наврати Асоцијацијата за дестки дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК реагираше јавно – упатувавме Апели но и Барања до надлежните институции – Министерството за здавство, Фондот за здравствено осигурување, Собрание и Влада на РМ, Премиер на РМ, но сите тие наши напори не наидуваат ниту на одговор, а камо ли на некакви конкретни придвижувања за решавање на овој проблем. Покрената е и петиција која досега веќе има над 5000 потписи на засегнати граѓани, алармини се меѓународните дијабетски асоцијации од кои добивме резолутна поддршка да бидеме жестоко упорни во нашите барања.

Овие наши барања беа и се поткрепени и со стручните мислења и безрезервна поддршка од специјалистите педијатри ендокринолози и дијаболози од Клиниката за детски болести, Скопје: Проф. Д-р Зоран Гучев, раководител на Одделението за ендокринологија, Проф. Д-р Елена Шукарова, Проф. Д-р Марина Крстевска Константинова и Асс. Д-р Александра Јанчевска

Покрај оваа најеминентна наша здравствена установа во овој домен, за нашето барање е известено и Научното Здружение на Ендокринолози на Македонија, чиј претседател е Проф. Д-р Татјана Миленковиќ од каде добивме исто така безрезервна подршка, при што јасно се става до знаење дека од есенцијално значење е воведувањето на овие иновативни системи во следењето и превенцијата на дијабетесот и неговите можни а исклучително животозагорзувачки последици.

Во името на правото за здрав и безгрижен живот на нашите деца, заради таквиот игнорантски третман на надлежните институции што е спротивен со член 4, член 9, член 12 став 1 и став 6, член 15 став 1 и став 2 од Законот за заштита на децата, Ви го доставуваме ова барање со објективно очекување дека од Ваша страна ќе бидат превземени соодветни правни дејства согласно со законите и прописите во Р. Македонија, за решавање на овој проблем. Нема поблагородна и поважна мисија од спасувањето на детските животи и овозможување на безгрижно и безбедно детство. Конечно тоа е и супстратот, суштината на она што значи право на здравствена заштита, вклучително и на оваа група дечиња. Затоа искрено се надеваме дека во име на правото и на хуманоста ќе застанете на наша страна во остварување на правата на децата со дијабетес тип 1.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This