Здpaвcтвениот систем се одржува со донации, а каде завршуваат народните пари?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два мандати на министерот за здравство Венко Филипче, два мандати здравствениот систем се одржува со донации. Особено здравствениот систем кој е на респиратор се одржа во живот во екот на КОВИД-19 со помош на донациите на компаниите и амбасадите кои донираа заштитна опрема, тестови за коронавирус, вакцини.

Последната донација беше од страна на германската амбасада која што на 20.05.2021 донираше 72.000 брзи антигенски КОВИД тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и КОВИД центри во земјава. Таа донација му ја предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на министерот за здравство Венко Филипче.

„Среќна сум што предавам уште една донација за македонското јавно здравство, финансирана од министерството за надворешни работи на Германија преку организацијата за помош и заштита од катастрофи. Германија од почетокот на пандемијата го поддржа здравствениот сектор на Македонија со околу 1,45 милиони евра“, изјави Холштајн по предавањето на донацијата.

Според сајтот на министерство за здравство – Странските претставништва и земји кои донираа за сузбивање на корона вирусот се Европска Унија, Соединети Американски Држави, Чешка Република, Турција, Германската, Француската, Кинеската, Швајцарската и Американската Амбасада, Амбасада на Холандија Амбасадата на Јапонија. Освен странски земји и амбасади, донираа безброј македонски компании и институции. На 24 април 2020-та година како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење – респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“.

Набавката е реализирана преку агенцијата на обединетите нации УНОПС, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, како надлежна институција за координација на странската помош во земјава.

„Овие 12 машини ќе го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за справување со епидемијата и соодветно третирање на пациентите, што е еден од главните предизвици во справувањето со епидемијата. Во овие сложени околности и отежнати услови за набавка на овие респираторни машини, набавката и доставата на овие машини претставува огромен успех.“ порача Османи, упатувајќи посебна благодарност до претставниците на ЕУ во земјата на 24.04.2020 година. Но исто така во месец мај минатата година повеќе од осум тони заштитна опрема пристигна на Скопскиот аеродром како донација од Катар за справување на земјава со КОВИД-19.

„Се работи за голема количество, преку осум тони заштитна опрема која се состои од близу 500.000 хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95. Покрај маските, пакетот содржи и десетици илјади заштитни очила, заштитни шлемови, заштитни скафандери, заштитни ракавици“, изјави Бујар Османи при земање на донацијата минатата година.

Во ноември 2020-тата година Норвешка донираше 13.500 брзи теста за КОВИД-19. Донацијата во кругот на Воено-медицинскиот центар во Скопје ја предаде аташето за одбрана, Егил Далтвејт. Иста таква ситуација беше и со вакцините против КОВИД-19. Македонија не започна на време со вакцинирање на граѓаните бидејќи не набави вакцини. Вакцинацијата во државата започна откако Србија донираше во февруари вакцини. На 14.02.2021 година, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во своето обраќање истакна дека завршените стриктни процедури за дозвола за ова отстапување на дел од вакцините од компанијата „Фајзер“ во голема мерка ќе ја олесни постапката и за вториот дел вакцини што Србија ги определи за Македонија, и дека тој, Владата на Србија и српскиот народ се среќни што помогнаа да започне имунизацијата на граѓаните во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This