Зеленски до Бајден: „Да“ или „не“, Украина сака јасен одговор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека сака јасен одговор „да“ или „не“ од американскиот претседател Џо Бајден за одобрување на Украина на Акцискиот план за влез во НАТО.

Зеленски во изјава за медиумите рече дека добил гаранции дека Бајден нема да ја користи Украина како средство за пазарење на средбата со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела.

„Ако зборуваме за НАТО и МАП, навистина би сакал да добијам (од Бајден) детали – да или не, рече Зеленски, мислејќи на Акцискиот план за членство даден на земјите кандидати, статус што Украина долго време го бара. Треба да добиеме јасни датуми и веројатноста за оваа опција за Украина“, изјави Зеленски.

Тој потенцраше дека Украина направила сè што е потребно за да добие план за членство во НАТО, за што Киев верува дека е клучно средство за одвраќање на Русија, но Москва жестоко се противи на таквите планови.

Тој уште побара економска поддршка од САД и повика Меѓународниот монетарен фонд да ги сфати украинските проблеми пред да постават пред властите „неправедни“ реформски барања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This