Земјите во нeдоумница: Исланд сѐ уште чека, Шпанија сепак ја продолжи имунизацијата со АстраЗенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исланд денеска објави дека ќе почека додека не започне повторно со вакцинации со АстраЗенека, Шпанија најверојатно ќе ги вакцинира оние на возраст меѓу 55 и 65 години, а се повеќе граѓани во Полска повторно се одлучуваат за вакцината.

Исландските здравствени власти соопштија дека сепак ќе почекаат пред можната повторна вакцинација со AstraZenecа, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека е безбедна и ефикасна.

„Сите нордиски земји, вклучително и Исланд, одлучија подобро да го испитаат проблемот и да работат заедно пред да преминат на вакцинација со АстраЗенека“, рече на прес-конференција Алма Милер, директор на исландската здравствена управа.

„Ќе се обидеме да процениме дали ризикот варира со, на пример, возраста или полот и тоа ќе биде основа на одлуката да се продолжи со употребата на AstraZeneca“, рече таа. Одлуката на Исланд е донесена во пресрет на резултатите во нордиските земји за несаканите ефекти на вакцините.

Шпанија се подготвува да ја зголеми возраста на оние кои ќе бидат вакцинирани со AstraZenecа на 18-65 години, од претходните 18-55 години, објави локалниот печат. Таа земја користи вакцини на Фајзер и Модерна за оние над 65 години и за оние кои имаат ризик по здравјето, додека вакцината на АстраЗенека ќе се користи главно кај помладите од таа возраст.

Шпанија минатата недела објави дека во средата повторно ќе започне со употреба на вакцината АстраЗенека во својата програма, откако привремено ја прекина нејзината употреба, како и некои други европски земји.

Портпаролката на Министерството за здравство одби да ги потврди медиумските извештаи, но рече дека министерката за здравство Каролина Даријас ќе објасни на прес-конференција.

Во Полска има сè повеќе луѓе кои сакаат да ја примат вакцината на АстраЗенека, рече премиерот Матеуш Моравиецки по извештаите дека некои одбиваат да бидат имунизирани со вакцината поради можни несакани ефекти.

По краткото запирање, неколку европски земји повторно одлучија да ја продолжат својата програма за имунизација со AstraZeneca, откако ЕМА даде позитивна проценка. Полска не престана да вакцинира со оваа вакцина, нагласувајќи дека придобивките ги надминуваат потенцијалните ризици.

Комитетот за проценка на ризикот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во четвртокот заклучи дека AstraZeneca е безбедна и ефикасна и дека придобивките ги надминуваат ризиците, но исто така истакна дека врската помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта не може целосно да се исклучи.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа и премиерката Ингрида Симоните биле вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“ како знак на доверба на производителот откако минатата недела два дена беше запрена нејзината употреба. Неколку други европски лидери најавија дека ќе ја примат вакцината.

Експертите на AstraZeneca сметаат дека вакцината на оваа британско-шведска компанија е ефикасна против новите варијанти на коронавирус, на денот кога новата голема студија покажала дека е 79 проценти ефикасна во превенцијата на болеста и апсолутно ефикасна во спречување на сериозни форми на ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This